Офицерски Дом – Скопје / Вилијaм Баумгартен 1925-29

автор : Вилијaм Баумгартен

тип:  Општествен објект

година на проектирање: 1925 год.

година на изведба: 1929 год.

92EC26AE861A724389D8D11B4FB24F10

Офицерскиот дом е дело на Вилијем Баумгартен како познат и стилски изграден руски архитект. Претставува објект со нагласен академски пристап во третманот на композицијата, организацијата и декорацијата.

Овој проект бил нарачан од страна на Министерството на војската и морнарицата, заради концентрацијата на општествениот живот на воената елита на Скопје и околината.

Copy of fasada 1-oficerski dom

Copy of fasada 2-oficerski dom

Copy of situacija i fasada-oficerski dom

Copy of osnovi-oficerski dom

Објектот настрадал во скопскиот земјотрес во 1963 година. По одлука на тогашните власти, објектот е доурнат. Дали било грешка или не, можеби е предоцна да се дискутира. Набљудувајќи од денешен аспект на тековните случувања, може да се сложиме дека  неколкуте скопски предземјотресни објекти-симболи на своето време,  требало да се  реконструираат и реставрираат веднаш.  Така би се зачувал физичкиот спомен и би се одржал архитектонскиот континуитет на градот заедно со неколку малски целини. Новото Скопје, можеше да се развива и со нивното присуство. Но, тоа се одлуки на тогашната власт и тогашното општество.

06beb19e02486d91large

 

Проблемот на денешното општество, кое се обидува да го врати назад објектот кој не постои  50 години,  е во  безмисленоста и неоправданоста на потегот под лажното алиби на “враќањето на духот на старото Скопје”.

Новиот објект претставува имитација, и во никој случај реконструкција, реставрација, реанимација или било кој друг термин кој на прво слушање звучи интелектуално и професионално. Имитација со зголемен габарит, натискани нови катови,  нови ентериерни решенија, доградби и стиропор декорации, измешани функции, се во име на профит без чувство за атрактивноста на централниот простор на Скопје и неговото општествено значење . Во ера на современа мисла, градиме нешто кое е на крајот на професионалната етика и морал, со манипулативна мисла на враќање на старите вредности. Споредете ја лево тековната реализација и десно оргиналот, каде се воочува манипулацијата на сличноста.

Повторување на одминати стилови е прашање на невкус,  непознавање на материјата и основните принципи на архитектурата.

 

2zjw

20141128_082833

И покрај чудните моментални текови во македонската архитектура, овој објект (1929-63) е академски пример за своето време и претставува  редок грандиозен објект од ваков карактер, на територијата на Вардарска Македонија. Околу неговите вредности ви  приложуваме извадок од книгата : “АРХИТЕКТОНСКИТЕ СТИЛОВИ  (во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни)”  од почитуваниот професор Кокан Грчев, со цел да презентираме вистински начин на перцепција при вреднување  на едно дело, професионален речник кој  ја искажува фактичката состојба и опис кој го објаснува стилот, кому припаѓа.

 

Copy of 215

Copy of 216Copy of 217

oficerski_3

Skopje Oficerski Dom Insight

mufs001-xn-i0245-001

Автор на статија: