Павилјон за МСУ / Тоневска, Коцевска

Студенти/автори на проектот: Бојана Тоневска, Ивана Коцевска

Архитектонско студио 3 – Архитектонски факултет, Скопје

Под менторство на:  м-р Мила Димитровска

Предметен професор: доц. д-р Јован Ивановски

Педагошки тим: доц. д-р Јован Ивановски, проф. д-р. Доминика Бошкова, проф. д-р. Огнен Марина, проф. д-р. Бојан Каранаков, проф. д-р. Ана Ивановска Дескова, доц. д-р Мери Батакоја,  м-р Андреј Прошевски, м-р Мила Димитровска, м-р Методија Ѓорѓиев, м-р Павел Вељановски

Локација: Музеј на современа уметност – Скопје

Година: 2016/2017

Предмет на интерес на задачата Павилјон е централното скопско брдо Кале, кое и покрај сите квалитети кои ги поседува, има недоволно развиена инфраструктура на комунално уредени места за одмор, краткотраен престој и дружење, како и содржини од информативен и угостителски карактер.

Проектот е замислен да се концентрира во повеќе добро избрани точки (места/локации) во непосредна близина на Музејот на современата уметност. Во избраните локации, преку серија од времени архитектонски интервенции насочени кон нагласување на квалитетите и духот на местото, идејата е да се надоврземе на процесот на промоција и популаризација на природните дадености и културните вредности на просторот.

Локацијата на павилјонот е пред зградата на музејот, наспроти главниот влез.

 

Формата е добиена на тој начин што зададената локација е поделена со употреба на модул. Модулот произлегува од елемент кој се наоѓа во просторот пред музејот. Најпрво се поставени вертикални површини – ѕидови, потоа се вклучени хоризонтални површини – под и кров.

Поради предвидената програма (место за набљудување, одмор, место за социјализација и изложбен простор) одредени вертикални површини се ротирани со цел да се постигне врска помеѓу нишите за седење и нишите за изложување. Нишите се прилагодени за да има проточност на просторот и погледи кон пејсажот.

 

Структурата на градбата (системот од темели, столбови, греди, укрутувања) и обвивката на градбата (подни, ѕидни и кровни површини) се направени од дрво.

 

Ф.К