Конкурс за идејно решение за плоштадот во Кичево

Општина Кичево со седиште на ул.„Борис Кидрич“ бр.2, 6250 Кичево, телефон 045/220-020, електронска пошта: kicevo2025@kicevo.gov.mk, интернет адреса www.kicevo.gov.mk , има потреба од спроведување на конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција, проширување и урбан дизајн на постоечкиот плоштад во Кичево. За таа цел, во согласност со член 124 став 1 точка б од Законот за јавните набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 24/2019 и 87/2021), Општина Кичево спроведува конкурс за избор на идејно решение.

Доставувањето на идејните архитектонски решенија за горенаведениот предмет на конкурсот е најдоцна до 06.04.2026 година во 12.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на Општина Кичево.

Kонкурсна документација која ги содржи сите информации можете да симнете од страната на Општина Кичево, или од Електронскиот систем за јавни набавки.

Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на Општина Кичево. Оценувањето на проектите поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши жири комисија.

Општина Кичево ќе додели:

• прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 100.000.оо денари

• втора награда за избрано идејно решение во висина од 50.000.оо денари

• трета награда за избрано идејно решение во висина од 30.000.оо денари

 

Сите дополнителни информации побарајте ги кај изворот >>>