Планинарски дом – Царев Врв / Марјан Димиќ 2014

автор: Марјан Димиќ

година: 2014

дипломски труд

ментор:  проф. д-р Минас Бакалчев

 

ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА

Македонија е земја со карактеристичен ридско-планински релјев. За вистинските љубители на планините постојат 30тина планинарски домови, повеќето лоцирани во западниот и централниот дел на државата. Источните македонски планини, се помалку посетени, но не и помалку атрактивни. Од тој аспект, во прилог на развојот на планинарскиот туризам, но и од аспект на безбедност (засолниште) вниманието го насочив кон истокот, каде постојат долги планински рути без можност за престој. На Осоговските планини долж границата со Р. Бугарија постојат повеќе структури, кои во минатото биле во служба на војските. Повеќето се поставени на стратешки точки, а меѓу нив и Царев Врв. Тие се одлична подлога за интервенција во просторот.

1

ЛОКАЦИЈА

Царев Врв е висок 2085 метри, во непосредна близина на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен 2251 метар. Познат е и според неговиот турски назив Султан Тепе. Локацијата претставува стратешка позиција од аспект на видливост, близина на границата, рудните богатства во неговите подножја итн. Во минатото на ова место постоел поголем комплекс, кој служел на војските на Кралството СХС. Се претпоставува дека некои од објектите постојат уште од османслиско време, а нивната намена најверојатно е повеќенаменска.

На Царев Врв зачувани се остатоци од две градби, кои опстојуваат на меѓусебно растојание од 30тина метри, со што се овозможува поделба на планираните функции во споменатите објекти.

4

ИДЕЈА

Во Македонија, одамна не се изградил нов планинарски дом, а постоечките се во одмината состојба. Споредбено со околините земји, заостануваме во поглед на грижата за овие објекти. Се е сведено на ентузијазмот на љубителите на природата. Идејата е да се раздвижат случувањата во ова поле, кое станува се поактуелно. Со нова интервенција на веќе позната локација, да се потикне престојот во природата. Она што ја двои оваа локација се добрата позиција и постоечката структура, која веќе е втопена во пејсажот, како и попатноста до највисокиот врв. На тој начин, нема да се одзема ништо од идилата на околината, туку ќе се дополни.

7

ОПРАВДАНОСТ

Планинарските дневни рути во Македонија се планирани во дневна рамка качување-симнување, и варираат до максимум 20тина км во правец. Ова растојание зависно од релјефот, може да се совлада од 4-7 часа активно пешачење со мали попатни паузи во правец качување и од 2-5 часа враќање.

За разлика од споменатите активни рути, Царев Врв е одалечен 25 км од најблиската урбана средина – Крива Паланка, и 20 км од скијачкиот центар Пониква. Таа одалеченост, убавата природа, локацијата и постоечката структура се одлични за позиционирање на планинарски дом.

Врвот може лесно да се снабди и со питка вода, бидејќи во непосредна близина постојат повеќе извори, од кои населението од Крива Паланка се снабдува со вода (500 м).

Покрај пешачењето, врвот е достапен и за теренските возила. Целосно се наоѓа на македонска територија, а во неговата околина ( соседните врови ) се наоѓаат и другите објекти од сличен карактер.

12

КОНЦЕПТ

Постоечките структури се со зачувани ѕидови, но без кров, инвентар, под итн. Како такви, сведочат за едно минато и наложуваат да останат присутни во иднината, бидејќи претставуваат реперни и идентификациони точки во просторот.

Концептот не сака да и наштети на постоечката структура, но проникнува од нејзината утроба. Пред да се пристапи кон новата интервенција, предвидени се најпрво конзерваторски зафати на остатоците. Новите објекти имаат свој идентитет, но следат волумен кој доаѓа одвнатре.

Помалиот објект е наменет за колективно домување, т.е престој со сите потребни содржини, додека поголемиот објект е достапен за сите посетители, со дневните простории за подготовка на храна, престој и тоалет. Во овој објект парцијално се интервенира, поради неговата големина, но и поради желбата да се зачува нешто и од постоечката состојба.

16

ПРОГРАМА

Објект 1 / новопроектирани 275 м2       Под+Пр+3+Пк

– престој (домар + 20 гости)

– одлагање (подрумска просторија)

– потготовка на храна (заедничка кујна + трпезарија)

– мултифункционална просторија (потровје)

– хигиена (5 бањи)

Објект 2 (45 м2 од кои половина новопроектирани)

– кујна (со голема трпезарија за 20-30 лица)

– тоалети (2х2)

– набљудувачници (2 кули)

– престој на отворено

21

 

 

22

КОНСТРУКЦИЈА / МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА

Постоечката структура се конзервира и реставрира. Помеѓу старата и новата структура е предвидена дилатација. Новопроектираните објекти се изведени во челична конструкција, поради нејзиниот волумен, распон и нодивост, како и нејзината димензија која е од исклучително значење за да се добие на повеќе корисна површина. Обвивката е изведена од дрвени фасадни панели, со изолациони својства и естетитика.

24

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Околиината е предвидена да остане во постоечката состојба, како би се зачувала нејзината автентичност.

Автор на статија: