Повеќенаменски центар за текстил во рурбана средина / Крстевска

Магистерски труд

Тема : Современи индустриски капацитети

Наслов : Повеќенаменски центар за текстил во рурбана средина

Автор : Крстевска Моника

Ментор : Радевски Александар

Година : 2016

Локација : Поранешна фабрика Нонча Камишова (Свилара), локалитет Свилара, Велес

1abc

Истражувањето на овој магистерски труд се базираше најмногу кон вреднувањето на старите индустриски капацитети и некогашните индустриски градови во Македонија. Започнувајќи од враќањето на духот на местото на Велес, како град кој е значаен сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат важни патни и железнички сообраќајни правци, како и град кој некогаш важел за значаен индустриски град, втор по големина.

Model

Индустриското наследство е гранка на културното наследство и го дефинира карактерот на заедницата преку обезбедување на врските со традицијата. Процесите за реупотреба на области и места со напуштени индустриски капацитети играат важна улога во рурбаната регенерација, зајакување на карактерот и идентитетот на  просторот, обезбедуваат нови услови и начини на користење и дејствуваат во осовременување на сликата на градот и околината. Преобразбата на постоечките капацитети преку кои се овозможува современа употреба, а сепак се задржуваат некои значајни карактеристики од минатото со искорисување на предностите на индустриските простори, може да создадат нови и возбудливи архитектонски и урбанистички начини за користење на тие места.

Model

Темата на трудот која се однесува на еден таков актуелен пристап во кој се вкоренети историското и духовното значење на постоечки објекти и локации, а тоа се напуштени индустриски капацитети, нивна трансформација, адаптација и реупотреба како клучен фактор за конзервација и редуцирање на урбаното ширење. Предмет на истражувањето е приспособување, асимилација и реупотреба на веќепостоечка, неискористена и напуштена локација на стара фабрика за текстил и производство на свила. Истата ќе биде цел на разгледување врз која истражувањето ќе се одвива на препознавање на квалитетите на индустриското наследство и минатото со кое се карактеризира, читање на постоечкиот архитектонски модел, капацитетите за пренамена, трансформација, доградување и создавање на фузија помеѓу веќепостоечкото – историско и новосоздаденото – современо.Model

Како важен дел од пејзажот и изградената животна средина, овие површини имаат голем потенцијал да завземат значајна улога во иднината на градските, приградските и руралните средини. Остатоците на напуштените индустриски комплекси вклучуваат драматички објекти, пејзажи, места и простори кои доведуваат до негативен ефект во околината, дејствуваат како прекини во ткаењето на просторот и ја загразуваат конекцијата. Сепак, карактерот на нивното постоење нуди можности за нивно повторно реупотребување на начини кои можат да обезбедат читлив карактер на просторот и да се вклопат во контекстот.Model

Локацијата на комплексот во својата функција е претходно дефинирана како повеќенаменски центар за текстил кој ќе се состои од две примарни структури кои ги вклучуваат овие намени. Бидејки станува збор за огромна изградена површина, концептот беше програмата да е пообемна и да опфаќа повеќе и различни функции кои сите заедно ќе водат кон еден клучен збор – текстилот. Повеќенаменскиот центар за текстил во себе опфаќа различни намени и станува отворен кон крајните корисници кои се вклучени индиректно во процесот на производство како пасивни набљудувачи на технолошкиот процес.Model

Преку сепарирање на структурата во две целини, генералната слика е едната целина да го опфаќа индустрискиот објект со намена фабрика за текстилна конфекција, а другата целина да го опфаќа центарот за обука и трговија. Овие две структури би фунцкионирале независно една од друга.Model

Главно разработување на програмата е фабриката за готови текстилни производи чиј најголем фокус е процесот на произвоството. Хибридизацијата на оваа текстилна индустрија е надополнета со различни програми, форми и квалитети при работење поврзана во комплексна и структурална целина која овозможува нови просторни организации.

Render-8Render-3
Методологијата на истражувањето се темели врз конкретна индустриска локација во Велес со навраќање кон минатото, во која се применија принципите на вреднувањето на локацијата, објектите и историските значења во контекстот, препознавањето на специфичните карактеристики на местото, реафирмација и идентификација на квалитетот на просторот, трансформација и адаптација на просторнопрограмската целина, како и интервенција од урбанистички и архитектонски карактер.
Render-4 Render-2

Додека убедливо се демонстрираше важноста на архитектурата во процесите на реинтерпретирање и ефективните импликации на просторните квалитети, обидите за потемелно истражување беа насочени кон подабоко допирање до темелите на трансформацијата на напуштени или недоволно искористени индустриски капацитети. Преку принципите наведени претходно, во оваа теза целта беше да се понуди една од можните стратегии за успешно адаптивни повторни употреби на модерни објекти во склоп на индустриското наследство. Истражувањето покажува дека не е важно само да се задржи наследството, но важно е и да се внесе духот на модерното и да се прилагодат новите програмски и фунцкионални употреби кои се слични или различни на нивните оргинални намери.

Render-7 Render-6 Render-5Render-1