Повик за текстови за употребата на дрвото во архитектурата и дизајнот
15.01.2018 • Информации

МЕЛЕЕМ ве поканува да напишете текст на тема поврзана со дрвото и неговата употреба во дизајнот и архитектурата. Текстот треба да биде истражувачко-авторски. Доколку користите извори, јасно наведете и цитирајте. Доколку користите фотографии од странски извори, запишете од која страна се превземени. За сите фотографии треба да имате дозвола. Можете да користите ваши цртежи и скици, ваши архитектонски проекти и дизајни со цел да презентирате која е употребата на дрвото во дизајнот и архитектурата, а истовремено да го промовирате вашиот проект преку оваа публикација.
Текстовите можат да бидат и не само од архитекти и дизајнери, можат да бидат и од корисници на производи од дрво, кои сме сите ние.
МЕЛЕЕМ ќе издаде онлајн(еко) публикација на issuu.com со цел подигнување на свеста за користење на овој природен материјал. Ваквата публикација е важна, посебно во моменталната состојба на енормно загадување на градот Скопје и Тетово, каде ширење на знаењето за употребата на еко природните материјали во градежништвото и дизајнот е многу важна.

Автор на статија: Sara Simoska