Помошен едукативен центар / А. Наумовски 1991

Помошен едукативен центар при Електротехнички и Машински факултет

Автор: Александар Наумовски

Инвеститор: Електротехнички и Машински факултет

Година: 1991/92

Локација: Скопје

Извор: Бимас

Потребата од адаптација на котларницата, која е составен дел на комплексот на Електротехнички и Машинскиот факултет, во помошен едукативен центар е резултат на неможноста нормално да се одвива наставната програма за големиот број на студенти што се запишуваат на факултетите и нивната сегашна нефункционалност за таков голем број на студенти. Објектот е лоциран на јужниот дел од комплексот. Пристапот до објектот е можен од сите страни. Во содржината на објектот предвидени се два амфитеатра со капацитет од 132  места, две лаборатории за вежби по физика со капацитет од 24 места, библиотека, кабинети за наставници, студенстка служба, бифе и други помошни содржини што овозможуваат нормално функционирање на објектот. Предвидена е армирано бетонска конструкција со армиранобетонски столбови и греди, и крстесто армирани плочи.

2

Автор на статија: