Порта „Влае” – Скопје
31.01.2015 • ХХ век / II половина
Тип: Станбено-деловен комплекс
Автори: Јован Поп Трајков, Димитар Димитров, Росанда Минчева, Симеон Апостолски
Година на проектирање: 1983 год.
Вкупен број на станови: 465
-еднособни 64,
-двособни 162,
-трособни 206,
-четирисобни 32,
-ателје 1
Првонаграден труд на распишан повикан конкурс. Главните проекти се изработуени во 1984 година, врз основа на усвоени идејни проекти. Изведбата е на „Македонија проект”.
Со обликување на фасадите кое произлегува од функционалното решение на становите и заедничките простории, се постигнува современ и квалитетен архитектонски израз, со динамичка силуета на основниот структурален елемент и потегот на булеварот „Партизански одреди” во целина.
Материјалот е превземен од „БИМАС” Скопје 93, издадено од Сојуз на Архитекти на Македонија
Автор на статија: marh