Првонаграден конкурсен труд за Градско собрание – Скопје / Равникар 1966
18.02.2016 • ХХ век / II половина
Автор: Едвард Равникар
Соработници: Мајда К. и Ана М.
Година: 1966
Локација: Плоштад Македонија, Скопје
Извор: „Еdvard Ravnikar, architect and teacher“ – Алеш Водопивец и Рок Жнидаршич, Wikipedia
Кој е Едвард Равникар?
Равникар е роден во Ново Место на 4ти декември, 1907 година. Бил студент на легендарниот Јоже Плечник. Долго време бил професор на Архитектонскиот Факултет во Љубљана, како и еден од водечките словенечки архитекти во свое време. Се смета за промотор на скандинавските влијанија во архитектурата во Словенија, т.е финските достигнувања во архитектурата ( Алвар Алто ). Негови позначајни остварувања се: Републичкиот Плоштад, Хала Цанкар, Максимаркет и Музејот на Современа Уметност. Добитник е на наградата Прешерн, во 1961 и 1978 година. Почина на 85 години, во Љубљана.
Материјалот го приложи: Александар Тодоровски
Ф.К
Автор на статија: marh