Продолжува узурпацијата на јавниот простор во Скопје

Деновиве повторно се актуелизира локацијата на плоштад Македонија, претходно наменета за црковен објект,  потоа за шпански скали, а веќе пренаменета за хотел.

uzurpacija javen prostor

Јавниот простор за кој, тогашните генерации на студенти при Архитектонскиот Факултет и нивните подржувачи, излегоа на мирен протест. На истиот протест, подржувачите на намерата за узурпација на јавниот простор, организираа контра протест, кој се разви во „гонење” на студентите.

24o832g

plostad-crkva-nova-01

Жртвата која ја дадоа студентите, очигледно вроди со плод само привремено.  Површината за градба, прекроена повторно доби зелено светло да биде  узурпирана. Веќе е најавен проектот, во стил на еклектичка имитација на минатите стилови, кој има намена деловен простор + колективно домување (хотел).  Продадена е за за речиси 1,6 милиони евра на албанската „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ.

spanski skali na plostad makedonija

Очигледно нема крај на игнорирањето на професијата и човечките принципи за рационална организација на просторот. Најспорно од се е тоа што изборот и порачката на решението го врши министерството за транспорт и врски без конкурс за идејно решение. За да биде уште побизарно, град Скопје донесе одлука за ослободување од плаќање 50 отсто од надоместокот за уредување градежно земјиште, што претставува сума од околу 9,4 милиони денари.

hotel-so-spanski-skali-2

Автор на статија: