П Р Е Д А В А Њ Е на архитект др. Владимир Ладински
19.03.2016 • Информации
Извор: aam.org.mk
Тематски целини:
1. Предизвици произлезени од промените во животната средина (климатски промени, загадувања, прекумерно користење на природните ресурси и сл),
2. Предзвици произлезени од промените во социјалната сфера (демографски промени вклучително со стареење на населението и сл.)
3. Предизвици произлезени од промените во економската сфера (концентрација на капиталот и раслојување на населението, ерозија на професиите и сл.)
Д-р Владимир Ладински, e вонреден професор на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Принципал архитект / раководител на архитектонскиот тим при Службата за домување, проектирање и технички услуги при Советот на метрополитанската околија Гејтсхед во Англија.
Се стекнал со интердисциплинарно образование во доменот на архитектурата, инжењерството, урбанистичкото и просторното планирање, како и лидерството и менаџментот на образовни институции во Република Македонија, Словенија и Велика Британија.
Меѓународното искуство во приватниот и јавниот сектор во доменот на архитектонското проектирање ги опфаќа и просторите на Република Македонија и Англија и е насочено врз проектирањето на нови и реконструкцијата, адаптацијата и доградбата на постојни објекти од образовен, социјален, станбен и јавен карактер, вклучително со проекти во рамките на заштитени амбиентални средини и заштитени објекти од градителското наследство. Проектот за Обнова, адаптација и доградба на бившата црква Ст. Мери, заштитен објект на градителско наследство од прва катаегорија и репер објект, во Центар за културно наследство, на кој тој е проект архитектот/водечкиот проектант, е добитник на три награди на Кралскиот институт на британски архитекти и тоа на Наградата за конзервација на Северната мрежа на институтот (2011), Златна награда за архитектура на северната мрежа на институтот (2011) и Регионална награда за архитектура на институтот (2009), како и на наградата Златен ловоров венец на Асоцијацијата на овластени инженери за зградарство (2009).
Автор е над 100 труда во стручни списанија во земјата и странство, како и автор на повеќе трудови публикувани во меѓународни научни списанија и зборници од конференции.
Истражувачките интереси се во доменот на одржливото проектирање, квалитетот во проектирањето, проектирање за потребите на лицата со посебни потреби, како и обновата по скопскиот земјотрес од 1963-та година.
Автор на статија: marh