Реонска А.Т.Ц и Пошта/ Ивановски
29.06.2017 • ХХ век / II половина
Локација: Скопје ул. „Јанко Мишиќ“ нас. Драчево
Автор: Звонко Ивановски
Соработник: Снежана Илиевска
Проектна организација: Македонијапроект-Скопје
Инвеститор: Претпријатие за ПТТ сообраќај „Македонија“ -Скопје
Изведувач: ГП Илинден – Скопје
Година на проектирање: 1991
Година на изведување: 1991/92
Извор: Бимас 1993
Поштенскиот комплекс во населба Драчево е составен од шалтер сала, автоматска телефонска централа, администрација, ресторан, портирница, топлана и наткриен паркинг поврзан во една функционална целина.
Основната идеја е покрај решавањето на специфичните технолошки барања, да се изгради објект без мегаломански претензии со градежни материјали од нашите простори и пропорции блиски на човекот.
Отворена основа на приземје
Објектот е изведен од црвена фугована тула, завршни венци од бел вештачки камен, стаклени призми со нагласени влезови од метални жолто обоени профили, алуминиум и проѕирно стакло. Посебно внимание е дадено на екстериерното и ентериерното решавање на шалтер салата.
Касетираниот таван, мермерниот пад, како и соодносот на стаклените и ѕидните површини создаваат предуслов за еден топол и пријатен простор како за странките така и за вработените.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Драчево / Звонко Ивановски / Пошта / ПТТ