Скопје Центар – Градски Ѕид / брошура I
29.05.2017 • Литература ХХ век / II половина
Заводот за станбено – комунално стопанисување на главниот град, во периодот на обновата на постземјотресно Скопје, преку брошури ги архивирал и презентирал пред јавноста, големите тековни архитектонско урбанистички интервенции.
Издадени се вкупно 8 вакви брошури од кои првата е поврзана со станбените блокови и кули – дел од архитектонско-урбанистичката композиција „Градски Ѕид“ предвидена во решението на Танге за Скопје.
Со цел поголема достапност на материјалите, кои покрај архивска имаат и константно употребна вредност поради реалното егзистирање на објектите во просторот, од денес започнуваме со споделување на брошурите во дигитализирана верзија.
Секоја недела ќе креираме по една објава посветена на една брошура, во која ќе можете да го најдете линкот за превземање на датотеката. За оваа мисија ни помогна арх. Владимир Десков кој го приложи дигитализираниот материјал и го иницира неговото споделување.
Првата брошура можете да ја симнете тука >>>
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Брошура I / Градски ѕид / Скопје / Станбени блкови / Станбени кули