Станбена кула на Вардар / Гаврил Бошкоски
07.03.2016 • Студентски проекти
Архитектонско Студио 5.1
Студент / Автор на Проектот: Гаврил Бошкоски
Педагошки тим: Проф. д-р Минас Бакалчев, Проф. д-р Саша Тасиќ, Дем. Викторија Богданова, Дем. Александар Петановски и Дем. Гордан Петров.
Локација: Кеј на Вардар во Велес
Задача: Проектирање на станбена кула покрај кејот на реката Вардар во Велес
Учебна: 2015/2016
Задачата по Архитектонско Студио 5 се состои од проектирање на станбени објекти за домување / живеење покрај река, проследено со уредување партерот околу објектот. Набљудувајќи ја околината на градот како целина која е богата со карактеристики, земени се во предвид многу аспекти при процесот на проектирање.
Набљудувајќи ги велешките куќи, кои се сите поставени една над друга на ридовите, сите исто така се свртени кон реката вардар. При анализирање на спомен куќите на Рацин и Касапови, се забележува присуство на карактеристични чардаци, кои што се имплементирани во секој стан на кулата. Истите се импрегнирани и на самата кула, како повеќе висински простори, кои што ги поврзуваат станарите и служат за социјализација.
Главната идеја е проектирање на кула, според велешките куќи, и затоа кулата е всушност 5 велешки куќи наслојувани една врз друга.
Во однос на кејот проектирано е со внимание да се запази односот кон реката, и да се овозможи непречено движење. Поради тоа на кулата и е интегриран пешачки мост кој требало да биде изграден во минатото.
Долниот дел на кулата е сосема транспарентен, а во нивото под земја, е сместен бар кој е на ниво на реката Вардар.
Јадрото на оваа кула е проектирано да биде транспарентно, така што би можело да се гледа низ кулата.
Становите се проектирани со модул од 6.4 м, и во кулата има застапеност на четирисобни станови дуплекс станови, трисобни дуплекс станови, двособни и еднособни станови.
Автор на статија: marh