Стол MOVE / Марија Христовска Стефковска 2013
19.06.2015 • Ентериер и мебел
![](https://marh.mk/wp-content/uploads/2015/06/MarijaH_View02.jpg)
Работилница: за дизајн на мебел – „Public Room”
Автор: Марија Христовска Стефковска
Година: 2013
Изработка: Дамико
Материјал и техника: ламелирано дабово дрво, изработено со техника на лепење и виткање.
Контакт: www.marijahristovska.webs.com
Столот MOVE е дел од работилницата за дизајн на мебел презентирана на Skopje Design Week 2013. Задачата беше да се дизајнира парче мебел од дрво. Ние архитектите вообичаено работиме по нарачки и ги остваруваме желбите на клиентот. Оваа работилница ја почувствував како посебна прилика да направам нешто што ќе е лично мое, па си ги поставив уште овие услови:
1. Тоа мора да биде стол затоа што столот е најсложеното парче мебел за проектирање. Најсложено затоа што мора да одговори и на естетските и на ергономските услови, значи мора да биде убав и удобен.
2. Дотогаш имав проектирано плочест мебел. Сега сакав да пробам некоја нова технологија на обработка на дрвото.
3. Сакав столот да биде флексибилен, од неколку делови што ќе се комбинираат, но и што може да влезат еден во друг заради заштеда на простор.
На крај од мојата љубов кон дизајнот се роди столот со брановидна форма од ламелирано дрво од три дела.
![](https://marh.mk/wp-content/uploads/2019/05/marh-1.png)
Автор на статија: marh