Ст. – деловен комплекс – Дебар Маало/ Димитриева, Богоевска
09.01.2017 • Урбанизам ХХ век / II половина
Автори: Виолета Димитриева, Даница Богоевска
Г.П „Пелагонија“
ЕЕ. „Пелагонијапроект“ Скопје
Локација: бул. „Партизански Одреди“
Година: 1990
Извор: Бимас 1991
Во приодот кон урбанистичката концентрација на станбено деловниот комплекс „Дебар Маало“ проектантите се раководеа од целосната потреба овој локалитет да добие првенствено современ третман, со рационална градба со далеку повисок стандард од постојниот, во една естетка и функционална композиција што го одразува новиот живот на оваа делница од бул. „Партизански одреди“.
Ситуација со основа на приземје
При проектирањето требаше да се земат в предвид повеќе фактори: близината на булеварот како една жива сообраќајница, малата широчина на локацијата, постојаната урбанизација со веќе оформена улична мрежа и градба. Сето ова влијаеше на основната композициона поставка на објектите.
Композицијата се состои од високи објекти од 6 ката, кои се максимално оддалечени од сообраќајницата “Партизанска“, поради загаденост и бука, и приземни објекти со трговско деловни дејности што лежат паралелно со оваа улиц асоцирајќи на масивна ограда која затвора едно познато маало и прави затворена чаршија со заштитена пешачка пасарела.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Виолета Димитриева / Даница Богоевска / Дебар Маало / Станбено деловен комплекс