Транспортен центар – Куманово / Медарски

Година: 2016

Дислокација на постоечка железничка и автобуска станица во Куманово и нивно интегрирање во транспортен центар со пратечки содржини

Автор: Игор Медарски, соработник на катедрата за проектирање Општествени згради, Архитектонски Факултет – Скопје
Ментор: доц. д-р Михајло Зиноски
Тема: Трансформативни типологии истражување на архитектонски концепти на програмски интегрирани објекти од општествен карактер
render-1-igor-medarski

Градот како низа од точки на активности

Живеењето во град има свои особености, но дали во потполност ги исполнува очекувањата на граѓаните? Дали им нуди доволно активности, зеленило, причини за изглеување од дома? Во менталната мапа на луѓето е впишана потребата за социјализација, потребата од луѓе. Не само оние кои ги гледаме секојдневно, туку некои нови, непознати. Да видиме други и да бидеме видени.

siroka-lokacija-igor-medarski

Важен аспект кој го прави градот хуман се луѓето кои активно го користат, манифестирано преку нивно пешачење, возење велосипед и сл. Меѓутоа, ова е взаемна особина, па доколку градот не им го нуди тоа, неговите жители нема да ја препознаат можноста за активно учествување во градскиот мозаик.

Точките на активности создаваат привидно намалување на дистанците. Доколку на различни места од градот, на меѓусебно растојание не поголемо од 10-тина минути одење се лоцирани  групирани активности од различен, но симбиотичен карактер, на луѓето им се нуди причина зошто тие би тргнале пеш до нивната крајна дестинација, која се наоѓа на далечина поголема од онаа кои тие првично би ја сметале за “пешачка”.

activity-nodes

Токму тоа би била новата железничка станица во Куманово – точка на активност, која ги спојува оделните делови на градот. Не претставува само објект во кој патниците пристигнуваат и заминуваат, таа е атрактор, нешто со што се идентификуваат граѓаните и кон што целат во неделните прошетки.

Анализа на постоечките локации на железничката и автобуската станица во Куманово како два независни ентитети

Моменталната позиционираност на железничката и автобуската станица во Куманово го претставува токму спротивното од она што објекти од областа на транспортот би требало да го претставуваат – поврзување на градот на регионално и меѓународно ниво. Оддалеченоста на железничката станица од центарот на градот од 3.7 км, во град којшто се развива во дијаметар од 3км, без околните населби, укажува на нелогичноста и проблемот со кој се соочува Куманово во овој поглед.

Ова можеби била единствената локација за поставување на железничката станица во периодот кога таа е изградена, поради непостоењето на новата, сèуште непотполно изградена, железничка линија од коридорот 8, која минува непосредно до градот, односно таа во поголемиот дел од својот тек во овој сегмент го тангира градското ткиво.

lokacija-sredorek-igor-medarski

Од друга страна пак, автобуска станица во Куманово се наоѓа во централното градско подрачје, на оддалеченост од 500м од градскиот плоштад. Меѓутоа, помеѓу автобуската и железничката станица воопшто не постои директна врска со локален градски превоз, со што само се потврдува незначајноста на железничкиот сообраќај во градот.

Состојбата во која во моментот се наоѓа автобуската станица е на незавидно ниво, па со ова се отвора и прашањето и за нејзино дислоцирање и програмско интегрирање во рамките на новата железничка станица.

????????????????????????????????????

Автобуска станица, Куманово

SONY DSC

                Железничка станица, Куманово

Позицијата на градот во однос на границите на Р. Македонија, неговата поставеност во однос на железничките и патни коридори ја нуди можноста за создавање на еден интегрален Транспортен центар, кој ќе ги задоволи барањата и потребите на жителите на Куманово и големиот број патници кои секојдневно транзитираат.

analiza-koncept-igor-medarski

Концепт

Транспортниот центар со интегрирањето на големиот број на содржини во функција на задоволување на потребите на патниците, прераснува во своевиден програмско интегриран тип на мегаобјект кој во себе треба да ги содржи сите функции од типот на тргоски и услужни дејности, изнајмување на автомобил, повеќе видови на чекални, ресторани, барови, кафетерии и сл.

izgled-igor-medarski

Концептот вклучува различни типови на сообраќај кои непосредно влијаат на создавањето на железничката станица на 21-от век, односно т.н. транспортни центри, каде во еден хибриден објект се интегрирани желeзничкиот, автобускиот, градскиот сообраќај, а во исто време тука се среќаваат и друг вид на содржини кои по природа се слични и меѓусебно се надополнуваат.  Концептот се состои од три независни волумени во приземје, аналогно на анализата на локацијата, каде што тие всуштност ги претставуваат трите точки во градот: центарот, спомен Костурницата и населбата Карпош, како независни ентитети.

koncept-osnova-igor-medarski

Волумените се засечени и вовлечени во однос на улиците, со цел создавање отворени површини-плоштади пред главните влезови во трговскиот дел и станишната зграда. Во делот на главната улица под платформата на пероните е предвидена автобуска постојка за градски превоз. Токму поради оваа врска на главната улица со локацијата и ефектот на привлекување на случајни минувачи, на овој агол е поставен волуменот, односно дел од содржината, со трговски карактер.

koncept-kat-1-igor-medarski

Катот има единствен волумен со испрекршена линија/форма, кој претставува аналогија на самиот проект, односно неговото значење во поврзувањето на различните, навидум неврзани, делови од градот. Испрекршената линија на катот ја претставува променадата која сега овој објект му ја нуди на градот, причина за прошетка, скратување на дистанците, поврзување на градот, односно она што Кристофер Александер го нарекува “точка на активност”.

На уште повисоко ниво, објектот преку овој  кат би можел да комуницира директно со спомен Костурницата која се наоѓа во непосредна близина. Со ваквото директно врзување на објектот со споменик Костурницата, листата на активности на патниците кои чекаат, или пак на оние кои само што пристигнале, дополнително се зголемува. Уште поважно, поврзувањето на објект од ваков тип, кој е атрактивен за масите со својата комерицијална содржина, го заживува споменикот, кој нуди прекрасни визури кон градот и неговата околија.

koncept-aksonometrija-4-igor-medarski

Деловите над влезовите во двата волумени од приземјето се вовлечени, односно одземени, со што на приземјето се создава двовисински волумен, што ја нагласува нивната позиција. Кровната конструкција го врзува објектот во една поинаква целина. Со својата монументалност, исто како и волуменот на вториот кат, претставува аналогија на самиот објект. Како што е анализирано во истражувањето, она што му треба на градот е просторно-функционално решение кое ќе претставува поента и атрактор за населението. Ова напластување директно се одразува на идејата, па така првото ниво во себе ја содржи функцијата и аналогијата на моменталната ситуација во градот, второто ниво е напредната идеја за поврзување на градот и негово проширување, пругата која налегнува врз двете нивоа треба да го поврзе и интегрира во рамките на регионот и на крај кровот ја затвора целата приказна и создава нова поента во градот.

aksonometrija-igor-medarski

3.3.3 Програма

Програмата во објектот е сместена на три нивоа. Првото ниво е составено од три волумени кои содржат различни функции.

Првиот волумен кој се наоѓа непосредно до пристапната улица има трговска функција. Тука се сместени трговски единици поставени линиски на подолгата страна на волуменот. Главниот пристап за посетителите е од улицата, при што аголот е засечен и влезот е нагласен со цел привлекување на минувачите, во трговскиот центар се пристапува и директно од паркингот.

1-osnova-prizemje-igor-medarski

Помеѓу првиот и вториот волумен сместен е паркинг за посетители и вработени кој се развива на три нивоа, директно пристапни од објектот. Вториот волумен се наоѓа во средината на објектот и во него се сместени содржини од автобуската и железничката станица. Влезот е вовлечен навнатре со што пред објектот се создава плато широко 18м, од кои 9м се надкриени. Тука се сместени општата чекална, чекалната за родители со деца со посебни санитарии, просторија за багаж, туристички агенции, менувачници, продавници и други услужни дејности, санитарии за патници и кафе-бар, кој се отвора и кон надворешниот плоштад.

perspektiva-vnatre-1-igor-medarski

Помеѓу вториот и третиот волумен се наоѓа стојалиштето за автобуската станица со 8 перони. Тука се наоѓа и чекална за автобуската станица со можност за затворање и отворање во зимскиот и летниот период. Третиот волумен во приземје е најмал по површина. Тука е сместен одделот за тежок багаж кој има сопствено депо и посебни лифтови со кои се дистрибуира багажот до пероните и директно се товари во вагоните. Овој волумен претставува сервисно јадро на објектот, преку кој вработени пристапуваат кон катот каде е сместена администрацијата. Непосредно пред влезот во овој дел се наоѓа и паркингот за вработени.

2-osnova-kat-igor-medarski

Второто ниво претставува единствен волумен кој програмски ги интегрира трите единечни волумени од приземјето. На ова ниво се сместени комерцијални, услужни и угостителски содржини и т.н. “food court”, својствен за современите објекти од областа на трговија и транспорт. Мостот кој го поврзува објектот во зоната на паркингот освен функцијата на комуникација во себе содржи и комерцијални содржини од типот на продавница за весници, сувенири, бифе и др.  Во средниот дел се наоѓа распределителниот кат од кој патниците излегуваат кон пероните, ресторан со отворен бар, кафе-книжарница која на патниците им нуди алтернативен начин на чекање, општа чекална и инфо-пулт. Во затворено јадро се наоѓаат вертикални комуникации за вработени, кујната за ресторанот и влез за вработени во кафе-книжарницата. Во истото јадро се сместени и тоалетите за посетителите со посебен влез.

perspektiva-vnatre-2-igor-medarski

Администрацијата е сместна во делот над автобуската чекална. Канцелариите се линиски наредени со поглед кон автобуската станица и коридор преку кој се пристапува од задната страна. Влезот за вработените е од приземјето преку вертикални комуникации сместени во сервисен модул.

На третото ниво се наоѓаат пероните за железничката станица. Два дупли перони ги снабдуваат четирите колосеци во должина од 205 метри, додека петтиот колосек е транзитен. По целата должина на пероните се наоѓаат клупи за седење. На југо-источниот крај на пероните продираат товарните лифтови кои служат за транспорт на тежок багаж.

4-eksplodirana-aksonometrija-igor-medarski

3.3.4 Конструкција и материјалност

Објектот се состои од главна/примарна, секундарна и кровна конструкција. Главната конструкција ги носи железничките колосеци, односно пероните, додека секундарната конструкција ја носи меѓукатната конструкција на која е сместен распределителниот кат.

presek-2-2-igor-medarski

presek-3-3-igor-medarski

Кровната конструкција е независна од објектот, која претставува просторна решетка со променлива висина на пресек, која  во задната зона по цела должина се потпира на челична решетка, додека во предната зона истата се спушта на ниво на тротоар.

presek-4-4-igor-medarski

presek-5-5-igor-medarski

Комплексноста на програмата ја генерира и комплексноста и обемноста на самиот објект, па затоа материјалноста и разноликоста во обликувањето на објектот се во втор план.

render-2-igor-medarski

Целиот објект е застаклен и стаклото е расчленето со употреба на челични профили во темна нијанса. Столбовите се необработени и јасно се гледа употребата на бетон во нивната конструкција. Кровната конструкција е обложена со панели во бела(светла) боја, со што му дава констраст на темниот волумен. Со едноставноста во обликувањето и материјалноста му се дава на значење на конструктивната смелост на објектот и неговата форма, како поента во градот.

render-4-igor-medarski

render-5-igor-medarski

render-3-igor-medarski

 Ф.К