Трпезарискa масa 110 / MONOZERO
17.02.2015 • Ентериер и мебел
Тип на мебел: трпезариска маса
име: 110
материјал: природно масивно дрво
автор и производител: MONOZERO
контакт: mono-zero.com
Монозеро е врвен македонски бренд, за производство на малосериски парчиња мебел од природно дрво, кои велат за себе:
MONOZERO не е корпорација, туку мал тим од креативци кои уживаат да ги обединат природните, понекогаш диви карактеристики на дрвото во еден модерен, а сепак безвременски облик, промовирајќи природен начин на живот.
Од овој исклучително квалитетен производител, ви ја претставуваме трпезариската маса 110, за која во продолжение го приложуваме и официјалниот текст, превземен од официјалната страна:
„Вашата monozero 110 трпезариска маса е силнa и со магична привлечност, што бездруго станувa централен дел во вашиот дом кој ве поврзува со семејството и пријателите.
Масата од природно масивно дрво ќе биде тивок сведок на вашиот живот низ годините и тоа ќе ја издигне од парче мебел во придружник кој носи слатки сведоштва и незаборавни спомени.
Стоејќи до monozero трпезариска маса, ја чувствувате посветеноста и љубовта пренесена при нејзиното креирање и сте целосно обземени од нејзината убавина. Допрете и ќе почувствувате дека даската го има уште животот на дрвото во себе, пренесувајќи го на генерациите кои следат.
Секој monozero елемент – дизајнот, завршната обработка, чувството и естетиката, е доследен на начинот на кој ние сметаме дека мебелот треба да биде:едноставен, скромен и природен.
Monozero не е корпорација и овој текст не е напишан од маркетинг агенција, туку од истиот мал посветен тим на креативци кои ја изработија вашата маса.
Славете го животот на вашата нова маса!”
Автор на статија: marh