Урбан Модулор со изложба во „Кафе Црно“ / сабота 17.06.17 / 20 часот
17.06.2017 • Изложби Урбана опрема
Автори: Сара Симоска, Маја Лозаноска и Илина Цветкова.
Урбан модулар од колективот МЕЛЕЕМ од Скопје, организира изложба која следува по поставувањето на Мала Трибина во парк Ајдучко во Тетово и по изложбата на фестивалот Миксер во Белград.
Се работи за урбана опрема, т.е урбан мебел кој е инспириран од спонтаноста на луѓето во изнесувањето на парчиња мебел пред дворовите, на улиците во јавниот простор. Стреми да понуди простор за седење, игра, одбележување простор.
Со различни комбинации на урбаниот модулар можат да се добијат различни позиции на седење и олеснета комуникација на луѓето на различни висински нивоа. Исто така, урбаната опрема е идеална за сончање, читање книга, театарски претстави, следење на кошаркарски натпревари, перформанс итн. Дополнително, склопот на урбаниот модулар овозможува качување и игра за малите деца кои во денешното време на технологија се почесто се дома и не го користат доволно јавниот простор.
Развиени се 11 типови на урбаниот модулар кои овозможуваат различен спој меѓу нив. На изложбата се претставени сите во макета и е претставен еден прототип.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Изложба / Илина Цветкова / Маја Лозаноска / МЕЛЕЕМ / Сара Симоска / Супер модулор