Центар на Тетово / Bland, Brown + Cole Architects 2011

Локација: центар на Тетово

Автори: Bland, Brown + Cole Architects: Cambridge Architects.

Година: 2011

Извор:  www.bbcarchitects.co.uk

02_Tetovo_B

Како што вели официјалната страна на ова англиско студио, проектот бил презентиран пред градските власти во 2011 година, а притоа добиле одлични мислења од нивна страна и од бизнис секторот.

20110510101249

Идејата била да се презентира нов лик на центарот на градот, бидејќи постоечкиот градежен фонд го сочинуваат доминантно куќи, кои изгледаат неуредно. Според тоа, студиото нуди две слики за изгледот на центарот на Тетово, едната е со вертикална доминанта, финансирана од приватен капитал,  додека втората  е со ниска структура, финансирана од јавните пари.

20110510101211

Тетово како втор едукативен центар на Македонија ( според студиото ), сместен под Шар Планина, заслужува да добие современ и градски лик.

06_Tetovo_B

За таа цел биле и ангажирани од властите да произведат простор со висококвалитетно домување и јавни простори, кои ќе го сменат впечатокот за градот.

03_Tetovo_B

Што се случува со овој проект на официјално ниво немаме информации, но возбудува храброста и решителноста на Тетово, да бара смела визија, за разлика од главниот град.

20110510101318

Автор на статија: