„Црн сеизмички појас во Скопје”/ Апостол Поцески

Извор:  „Дневник”

Карти: „Скопје-катастрофа-обнова-искуство” Коле Јордановски за Матица Македонска, 1993

Пред 5 години, во дневниот весник „Дневник”, во рубриката „Во фокусот” се појави текст поврзан со сеизмиката на почвата под скопската котлина. Главен соговорник и извор на информации беше професорот во пензија, Апостол Поцески, кој предаваше статика на Градежниот факултет во Скопје.

20150913_133813

Тој говори за големото истражување на составот на почвата и нејзината издржливост, по скопскиот земјотрес, истражување за кое биле дадени огромни средства компарирајќи ги со една милијарда долари во денешно време.

Во истражувањето се занимава со раседите, од кои еден го смета за голема опасност т.е процеп длабок 200 метри, почнувајќи од Кисела Вода, Стара железничка станица, Беко, Универзална сала, се до Зајчев рид и Лепенец. Вели дека на таа линија, во Скопје не би смеело  да се градат висококатници.  Поцески е видно вознемирен поради игнорирањето на овие податоци од страна на фелата, која ја обвинува дека не размислува на идните генерации и можните жртви во некој иден земјотрес во Скопје.

Rascep niz Skopje

Понатаму говори за лудоста на идејата да се градат облакодери во Скопје, особено во центарот и во Аеродром.

Набљудувајќи од денешен аспект, искуствата на Јапонија, новите технологии, напредокот на конструктивните материјали и системи, можеби сепак е возможно изведба на вакви објекти и во Скопје. Но, фактот дека треба да се знае овој податок и треба да биде основа на урбанистичкото планирање е неспорен. Како и се друго, очигледно игнорирањето на скапите знаења и искуства во Македонија е секојдневна појава.

20150913_133754

Целиот текст во коj има изнесено бројни важни податоци од истражувањето на Поцески, кое било објавено во видни светски списанија, можете да го прочитате тука.

 

Автор на статија: