3 април – ИЗБОРИ во Комора на овластени архитекти и инженери

Сабота, 3 април 2021 година, од 10 – 14 часот, ќе се спроведат електронски анонимни избори за избор на делегати во Собранието на Комората, преку специјализираната софтверска алатка Election runner.

На секој активен член на Комората кој е дел од гласачкиот список, утре ќе му биде доставена електронска пошта во 10 часот наутро, на емаил адресата од системот на Комoрата, со линк за гласање во соодветното матично одделение и регион од адресата која Комората ја има во својот систем.

 

 – – –

 

Собранието на КОАИ е составено од струките соодветно процентуално според бројот на членови распределени според регионите во државата.

Досегашното собрание броеше 82  члена :

  • 15 – архитектура;
  • 25- градежништво;
  • 13 – електротехника;
  • 11 – машинство;
  • 6 – урбанизам;
  • 1- геотехника;
  • 1- сообраќај;
  • 1- животна средина;
  • 1 -ППЗ /ЗПР;
  • 1- Геодезија;

+ по еден раководител на секој сектор одделно

 

–  –  –

 

Како во архитектурата и урбанизмот, така и во сите други професии се соочуваме со неброени проблеми и  недоволно функционален систем. Затоа потребни се сериозни промени во делувањето на Комората, донесени од луѓе кои  имаат искрена желба за придонес кон подобро утре во професијата.

Затоа упатуваме покана до сите членови, да го искористат своето право на глас според сопственото убедување и со тоа да допринесат во обликувањето на лицето на комората во следните 4 години.