59 години од 5 и 17

Денес Скопје се сеќава на страшниот земјотрес од 1963та година. Сме говореле во повеќе наврати за овој момент, но овој пат зборовите ќе ги препуштиме единствено на документарниот филм  Скопје ’63 (на српско-хрватски: Skoplje ’63) — југословенски црно-бел документарен филм од 1964 година режиран од Вељко Булајиќ за Скопскиот земјотрес од 1963 година.

Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1964 година, но не влегол во главната конкуренција. Филмот исто така бил избран за југословенски кандидат за Оскар за најдобар странски филм на 37. доделување на Оскарите, но не добил номинација.

Снимањето на филмот започнало три дена по катастрофалниот земјотрес и траело четири месеци. Потоа, Булајиќ потрошил дванаесет месеци на монтирање во студиата на Јадран филм. Во филмот се прикажуваат последиците од земјотресот кој го погодил Скопје, главниот град на тогашна СР Македонија, како и акциите на спасување и хуманитарната помош која во Скопје стигнала од другите краеви на Југославија и од бројни земји од светот.

Текст: Радио Кратово