6 години МАРХ

Веќе 6та година МАРХ македонска архитектура зрачи во етерот 🙂  Она што го постигнавме се надеваме дека  ќе ја оддржува домашната сцена трезвена за својот дом кој заеднички го градиме.

Посакуваме домашните студија и професијата се повеќе да ја користат нашата платформа со цел да ја доближиме македонската архитектура пред пошироката јавност. Да покаже поголема самоиницијативност за соработка и придонес, за заеднички да ја архивираме домашната продукција и сочуваме за идните генерации.

Со тоа да влијаеме едукативно, да се надмудруваме за општото добро на професијата, да споделуваме мислења, проекти и визии, понекогаш и критика, но пред се со мислата која ја гаеме – СЕКОМУ ДОБРО!

Има и такви кои често се сомневаат во нашата мисија и го потценуваат тоа што го работиме, го игнорираат или се обидуваат да гo деморализираат  нашето дело. Сепак, тука сме за сите. Добронамерната критика ја прифаќаме и отворени сме да дискутираме на едно достоинствено ниво. Вон тоа, мудро молчиме 😉

Нека ни се множат годините, да растеме заедно и да се избориме за достоинството на професијата!

 

Како и секој, така и овој роденден доделуваме подароци од сопствената продукција, затоа следете ги нашите профили на социјалните мрежи >>>

facebook     /    instagram     /   twitter   

 

Насловна: Графичка обработка – Филип Конески / Подлога: Google earth