7 ГОДИНИ МАРХ
24.11.2021 • Информации

Денес го прославуваме нашиот 7ми роденден 🙂
Желбите ни остануваат исти секоја година, па малку ќе се повториме :
Посакуваме домашните студија и професијата се повеќе да ја користат нашата платформа со цел да ја доближиме македонската архитектура пред пошироката јавност. Да покаже поголема самоиницијативност за соработка и придонес, за заеднички да ја архивираме домашната продукција и сочуваме за идните генерации.
Со тоа да влијаеме едукативно, да се надмудруваме за општото добро на професијата, да споделуваме мислења, проекти и визии, понекогаш и критика, но пред се со мислата која ја гаеме – СЕКОМУ ДОБРО!
Има и такви кои често се сомневаат во нашата мисија и го потценуваат тоа што го работиме, го игнорираат или се обидуваат да гo деморализираат нашето дело. Сепак, тука сме за сите. Добронамерната критика ја прифаќаме и отворени сме да дискутираме на едно достоинствено ниво. Вон тоа, мудро молчиме 😉
Нека ни се множат годините, да растеме заедно и да се избориме за достоинството на професијата!
Како и секој, така и овој роденден доделуваме подароци од сопствената продукција, затоа следете ги нашите профили на социјалните мрежи >>>
facebook / instagram / twitter

Автор на статија: marh