73 години Архитектонски факултет во Скопје

Година: 2022

Локација: Архитектонски факултет, Скопје

Вчера во просториите на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, свечено се одбележи 73 годишниот јубилеј од неговото основање.

Архитектонскиот факултет во Скопје е формиран на 6-ти октомври во 1949 година, како еден од двата најстари технички факултети во државава.

Во текот на своето 73 годишно постоење факултетот помина низ неколку значајни развојни фази. Првите студии по архитектура беа организирани во 1949 година во рамките на новооснованиот Технички факултет со два оддела: архитектонски и градежен. Подоцна, во 1955 година, во рамките на Техничкиот факултет, формиран е Архитектонско-градежниот факултет со два оддели – архитектонски и градежeн. Во 1976 година архитектонскиот оддел прерасна во самостоен Архитектонски факултет со единствена студиска програма по архитектура во траење од девет, односно десет семестри.

 

 

Подоцна, во 1955 година, во рамките на Техничкиот факултет, формиран е Архитектонско-градежниот факултет со два оддели – архитектонски и градежен. Во 1976 година архитектонскиот оддел прерасна во самостоен Архитектонски факултет со единствена студиска програма по архитектура во траење од девет, односно десет семестри.

Денес, Архитектонскиот факултет е еден од 24 факултети во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје, најголемиот од државните Универзитети во Република Северна Македонија.

До 2004 година Архитектонскиот факултет беше единствената високообразовна институција во Република Северна Македонија којашто подготвуваше кадри од областа на архитектурата и урбанизмот и нивните комплементарни дејности на ниво на додипломски, постдипломски и докторски студии.

 

 

Денеска Архитектонскиот факултет при УКИМ го прослувавува својот јубилеј 73 години од одржувањето на својот првиот академнски час на 6 октомври 1949 година токму во овој објект. Ова беше за нас доволен повод после две ипол години на пандемија да организираме прославата на јубилејот и да се собереме со сите наши пријатели и колеги меѓу кои и пензионирани професори за да го прославиме враќањето на факултетот. Верувам, дека во наредниот период ќе се соочиме со низа предизвици, но како и во минатото така и сега ќе се обидеме да изелеземе уште посилни во вакви моменти се со цел за да може да се реализира она што е планирано. Затоа ни е потребна поддршка од инститцуиите, општеството и граѓаните – проф. д-р Огнен Марина.

На свеченоста покрај вработените, студентите, колегите и пријателите присуствуваа и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

По свеченото обраќање присутните имаа можност да ги видат и реновираните и новоопремените простории на факултетот. Потоа, свеченоста продолжи со  прослава во дворот на Архитектонскиот факултетот.

 

 

Извори:

http://www.arh.ukim.edu.mk/

http://www.mtc.gov.mk/