Доделена годишната награда за 2017 година на архитект Александар Карангелов

Во музејот на град Скопје, вчера беше доделена Големата годишна награда за 2017 година. Наградата ја доделува Асоцијација на архитекти на Македонија под покровителство на Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Добитник на овогодинешната награда е архитектот Александар Карангелов, за реализацијата на фабриката за полнење изворска вода, лоцирана во село Гари „МЛ Гари – Маја“. Како спонзор на наградата се јавува Министерството за култура и  Македонската авторската агенција.

На свеченоста, се обратија претседателот на асоцијацијата, Мартин Пановски, претседателот на комисијата, Радован Раѓеновиќ како и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Во образложението на комисијата се истакна дека периодот во кој се наоѓаме, во Македонија има мал број на квалитетна продукција во поелто на  архитектура. Истата е зависна од инвеститорските потреби, средства и намена. Во конкуренцијата за наградата беа влезени 7 реализирани објекти кои ја изразуваат авторскиот и современиот израз. Во потесен избор од 4 реализирани објекти, одлучено е „МЛ Гари – Маја“ да биде добитник на годишната награда.

По врачувањето на наградата, на присутните се обрати и авторот на објектот, архитект Александар Карангелов кој ја раскажа приказната околу неговото дело.

Објектот е позициониран покрај патот кон селото Гари, сместен во густи планински предели на повеќе од 800 м надморска висина . Функцијата на овој објект е производство и пакување на водата MAYA, лабораторија, администрација и гаражирање на возниот парк. Покрај основните се застапени и простории за одмор и рекреација.

По свечениот дел, следуваше пригоден коктел на кој присутните можеа да разговараат за годишните остварувања, што воедно значеше и последна официјална средба на фелата.

 

Фото: Мартина Штериова, Борис Јурмовски