Отворен македонскиот павилјон на Венецијанското биенале

Извори: МСУ - Скопје

Павилјонот на Република Македонија Freeingspace, односно „Ослободување-на-просторот“, вчера во 13:00ч. го имаше своето официјално отворање на 16’то Архитектонско биенале во Венеција.

Овој проект го препознава концептот на слободата, како суштински елемент во дискурсот на архитектурата. Конечно, самиот наслов во англиската верзија носи двојно значење: покрај активната форма на „ослободувањето“ (freeing) како тактика и чин на делување, претставката freeing– како придавка опишува и дефинира „простор кој ослободува“, укажувајќи на иманентниот потенцијал на просторот да создава чувство на слобода.

Freeingspace предизвика голем интерес на вчерашното отворање на македонскиот павилјон. Истиот ќе биде отворен во текот на биеналето се до 26ти Ноември.

>>>