Полската амбасада ја додели наградата „TIGRITE / TYGRYSY “
13.06.2018 • Информации
Извори: Полска амбасада во Р.Македонија
Полската амбасада во Р. Македонија ја додели наградата „TIGRITE / TYGRYSY“ за 2018, на г-ѓа Ружица Минова, која дипломира на Архитектонскиот факултет Скопје / УКИМ. Доделувањето се случи во склоп на отворањето на изложбата: “Вечноста и моментот 1918-1939 година – Архитектурата како алатка во изградбата на полскиот национален идентитет” во Музејот на град Скопје.
Мотото на наградата за архитектура „TIGRITE / TYGRYSY“ гласи: “За едноставноста и логиката на концептот, дисциплината на композицијата, нејзината интеграција со околината, нејзината социјална корисност и скромност, во никој случај не треба да биде лишенa од емоционална трага “- Jerzy Mokrzyński, еден од Тигрите, за вредностите на добрата архитектура.
„TIGRITE / TYGRYSY“ се доделува на авторот на најдобриот магистерскиот труд при Архитектонскиот факултет -Скопје / УКИМ, а го доделува редакцијата на полскиот месечник Architektura Murator во чест на тројцата полски архитекти: Wacław Kłyszewski, Jerzy Mokrzyński и Eugeniusz Wierzbicki, познати како “Tygrysy / Tigrite / Tigers” – автори на зградата на Музејот на модерната уметност – Скопје (1966).
Centrum Architektury & Narodowy Instytut Architektury i Urbanistyki.
Автор на статија: Filip Koneski
Архитектонски факултет / Магистерска / Награда / Полска амбасада / Тигрите