Куќа од првата половина на XX век во Капиштец
30.10.2026 • Фотографија ХХ век / I половина
Во денешната објава, се обидуваме да го свртиме вниманието кон една семејна куќа која негодува на транзицискиот урбанизам во Скопје. Сеуште опстојува во населбата Капиштец, но не е позната нејзината судбина во иднина.
Дали објектот е заштитен или не е, што предвидува урбанистичкиот план на нејзино место?!
Објектот е типичен пример за еклектичната архитектура во Скопје, во стилот на градските вили, до неа се пристапува преку репрезентативни скали кои стигаат до вовлечениот трем – ложа на ниво од +1, од каде се пристапува кон главниот влез.
Приземјето е полувкопано, со влез заштитен преку пристапните скали кон катот. Објектот поседува атрактивна фасадна пластика на која среќаваме пиластри, геометризирани форми, оригинална фасадна столарија. Фронтот завршува со балустрада која го затскрива двоводниот кров во позадина.
Ваквите објекти во Скопје ги броиме на двете раце, па од тука алармираме за негова заштита и концепт како да се сочува во сликата која веќе во неговата околина узурпира и деградира.
Автор на статија: Filip Koneski








