Како изгледал просторот на денешната Држава Болница во првата половина на XX век
12.11.2026 • ХХ век / I половина
На просторот каде се наоѓа денешниот комплекс на објекти на Државната болница во Скопје, веднаш под падините на Водно, во првата половина на XX век се организирале спортски настани. Просторот се користел и за воените логори на туѓите војски.
Искорестен е теренот во стрмен пад, за да се формира природен амфитеатар во улога на гледалиште – трибина.
Историјата на градот ја сведочиме низ фотографии, бидејќи Скопје во изминатите 100 години претрпува огромни трансформации неколкукратно. Тоа што можеме да го забележиме е соголеното Водно и објектите кои повеќе не постојат, освен објектот кон кој сакавме да го свртиме вниманието, во кругот на средното медицинско училиште.
За момент помисливме дека на фотографиите го забележуваме и објектот пред него кој денесе опстојува, но сепак на овие фотографии тој сеуште не е изграден. Станува збор за зграда со сличен габарит, но истиот е вовлечен кон Водно, и се забележува влезен трем, кој е карактеристичен и препознатлив детал.
Извор: Никодим Чернодримски
Автор на статија: Filip Koneski
воени логори / Државна болница / простор за спортски настани




