СТОП ЗА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНO ЗЕМЈИШТЕ ВО ИНТЕРЕС НА УРБАНАТА МАФИЈА! БАРАМЕ ПРОМЕНИ ВЕДНАШ!

Во тек е петиција за собирање потписи, со која граѓанската иницијатива ЕкоКарпош 3, 2, 1 бара измени во законот за градежно земјиште. Во продолжение образложението и линк до петицијата:

 

 

„Потпишете ја и споделете петицијата која е повик до Владата и Парламентот да го сменат членот 15 од законот за градежно земјиште од 2015 година! Потпишете ја петицијата со цело име и презиме, ќе биде официјално доставена до Владата и Парламентот! Ајде да собереме 10.000 потписи и да ги смениме нештата!

БАРАМЕ ПОД ИТНО СО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ДА БИДЕ ДОНЕСЕН НОВ ЧЛЕН ОД ОВОЈ ЗАКОН СО КОЈ ЛИЦЕТО КОЕ САКА ДА ЈА ДООФОРМИ ПАРЦЕЛАТА ЌЕ ТРЕБА ДА ИМА 80% ОД ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА ЗА ДА МОЖЕ ДА ГО ДОКУПИ ОСТАТОКОТ КОЈ Е ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ!
Во Законот за градежништво излезен во Службен весник број 15 од 02.02.2015 година (првично донесен 2008 година), член 15, стои дека за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела, државата може да го отуѓи и да го продаде на сопственикот во непосредна спогодба! 
Сведоци сме дека во време на мораториум во општина Центар се случи токму ова, окрупнување на градежната парцела спроти хотел Холидеј Ин за изградба на висококатници без притоа воопшто да се почитува законот за урбано зеленило и без да се внимава на условите за хумано живеење.
Во последниве години ова се случуваше постојано и никнаа многу големи објекти со што се нарушени условите на хумано живеење во многу населби и е загрозено основното човечко право на здрав живот утврдено со Устав!
Време е Владата и Парламентот да почнат да работат во интерес на народот и да овозможат похумани услови за живеење, за да може да се спаси она што е останато од животната средина!
Ние потписниците на оваа петиција бараме Владата и Парламентот да го сменат членот 15 од Законот за градежно земјиште итно во скратена постапка!“

Граѓанска иницијатива ЕкоКарпош 3, 2, 1

ПЕТИЦИЈА >>>