Фотографски сегменти од Велес низ Рациновите стихови / Плачкова

Сузана Плачкова е архитект од Кавадарци, која во моментот живее и работи во Струмица, но во професионалниот пат помеѓу, еден период минува и во Велес.

Нејзината љубов кон градителското наследство и пишаниот збор, ја инспирирало да го доживее поинаку Велес и претстави  низ комбинирање на фотографија  од архитетконски фрагменти и поезија.

 

 

„Низ работното искуство во Велес имав можност да го разгледам градот и да се впуштам во авантурата што може да ја понуди, Ги истражував маалата, архитектурата и духот на градот.

 

 

 

 

Правев записи, цртежи, фотографии за на крај патешествието да го искажам преку стиховите на поетот чиј дух е сеуште присутен.

 

 

 

Комбинацијата фотографски сегменти од Велес и Рацинови стихови од севременската стихозбирка Бели мугри се охрабрив да ја направам за да го изкажам восхитот на неговото перо и скриените сцени низ Велес.

 

 

Во чест на 80години од издавањето на Бели мугри и 101 роденден на Кочо Рацин го поздравувам градот Велес низ моја перспектива и инспирација за тамошната работа и мотивација за секоја следна.“