Битолските порти

Локација: Градското јадро на Битола

Период: XIX и почеток на XX век

Фотографии: Филип Конески

 

Битола е ретка појава меѓу македонските градски средини,  по мноштвото амбиентални целини на староградската проевропска архитектура. Градот е многу повеќе од Широк Сокак, опфаќајќи најмалку 200тини објекти,   (слободна проценка) вредни да бидат реставрирани и сочувани како спомен на едно време.

 

 

На денот кога портите ни се полни со дечиња навестувајќи го утрешниот голем христијански празник Рождество Христово, ви носиме богата галерија со порти, капии и влезни врати од крајот на XIX и првата половина на XX век, од шармантната Битола.