Вo најава SHARE Skopje 2020

 

На 13ти февруари, во просториите на Македонската филхармонија, ќе се одржи третото издание на SHARE Skopje 2020.

Настанот носи наслов „Визионерски пристап кон иднината на архитектурата“,  носејќи реномирани излагачи кои ќе дадат сопствени излагања, предавања, ќе учествуваат во дебати и за прв пат оваа година, ќе доделат специјална награда за архитектура.

Организаторите велат дека на настанот се очекуваат повеќе од 350 архитекти, инженери,  луѓе од индустријата кои ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе од 40 предавања и презентации.

На SHARE Skopje 2020, за прв пат ќе одржи и натпревар во живо, меѓу предизвиканите бироа, чија цел е да прикаже еден поширок контекст при изработката на проектот и неговата реализација во контекст на македонското општество.

Се очекува и организација на изложби, на тема ентериер, внатрешна архитектура, дизајн на светло, пејсажна архитектура итн.

Програмата детално можете да ја погледнете тука >>>