Интерактивна мапа на Старата скопска чаршија / SkULL
06.05.2020 • Истражување Урбанизам
Старата скопска чаршија потпаѓа под надлежност на општините Чаир и Центар, додека пак за нејзините културни споменици е задолжена трета установа – Конзерваторскиот Центар – Скопје. Сево ова резултира во парцијални интервенции и недостаток на една целокупна визија за развој на старото градско јадро.
Токму затоа Skopje Urban Living Lab, работејќи на регенерацијата на оваа зона преку проектот ROCK, ја собира нејзината распрсната документација и ја сублимира во онлајн интерактивна мапа. Оваа платформа ја нарекуваат Систем на „Отворени податоци“ достапни до сите и ја претставуваат како алатка наменета за сите актери во развојот на Чаршијата.
Мапата содржи низа урбанистички информации, како сопственост на парцелите, нивната намена, состојба или конзерваторски статус. Разгледајте ја и самите на следниот линк.
Прочитајте повеќе за Skopje Urban Living Lab и прокетот ROCK во една од нашите претходни објави – Старата скопска чаршија како центар и двигател на креативните индустрии / Од Отворен ден #2 во SkULL
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
SkULL / интерактивна мапа / стара скопска чаршија / Урбанизам