Најавена реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Општината Центар и град Скопје, ја најавија реконструкцијата на една од главните сообраќајни артерии на Дебар Маало, улицата „Орце Николов“ заедно со улицата „Аминта Трети“( Ленинова) и „Мирослав Крлежа“.

Акцентот го ставаме на  „Орце Николов“, долж која се најдуваат репрезентативни градби од културното наследство на Скопје од различни периоди.  Во хаосот кој владее во овој дел на градот, проектот нуди  решение кое го офаќа паркирањето, пешачкото движење, велосипедското, отвора позиции за хоризонтално зеленило и пред се го задржува вертикалното без да се изврши сеча.

 

ул. „Орце Николов“

 

Најголемата придобивка во однос на сообраќајот е успорување на најкритичната точка ( со мал кружен тек) , раскрсницата со „Аминта Трети“, каде секојдневно се случуваат сообраќајки поради непочитувањето на правото на предност.

 

 

Според проектот и образложението, паркинг местата од 180 се намалуваат на 80, но со цел задоволување на потребите паралелно се најавува изведба на монтажна гаража на просторот зад општината, веднаш во слободната површина до Министерството за одбрана.

 

Генерално овој проект  постапува  во границите на можностите во однос на креирање решение, кое ги опфаќа сите аспекти. Сепак дел од јавноста негодуваше и при првата најава.

 

Станбен објект на арх. Глигорије Ташковиќ / 1940 година

 

При ваков целосен зафат и реконструкција, иницираме општината и градот да размислат за реставрација и реконструкција на фасадите на позначајните објекти на потегот, од еклектичниот, модерниот и постмодерниот период.