Почина архитект Георги Константиновски

На 8 декември почина големиот македонски архитект, Горги Константиновски. Вечна му слава!

Неговиот лик и дело ја задолжија македонската архитектура, оставајќи наследство кое има локално, регионално и меѓународно значење. Се повеќе неговите дела предизвикуваат внимание кај оние кои го истражуваат периодот на бруталистичката архитектура.

Инзвонреден во својата професија, одличен педагог (омилен професор на многумина) и вистински архивар на македонското градителско наследство. Тој покрај сопствената работа, грижливо ја истражува и архивира домашната сцена преку повеќе изданија.

 

 

Спомен Домот на Разловечко Востание

 

Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот во Охрид, Архивот во Штип, Спомен Домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина и многу други објекти  остануваат да сведочат за неговото дело и за зрелата мисла на македонската архитектура, своевремено. Во 2016та година стана  и почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

 

 

До крајот остана на браникот на професијата, смело критикувајќи ги грешките на македонското општество. Неговиот пример е светол за сите нам, од срце му посакуваме уште посветол пат кон вечноста.

Денешниот и утрешниот ден ги посветуваме на неговиот лик и дело. Ќе се потсетиме на се она што го имаме  на нашата страна.

 

Нека почива во мир!

 

 – – –

 

„Георги Константиновски е роден на 29 јули 1930 година  во Крагуевац, Србија, дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје на одделот за архитектура ( 1956). Во 1965 го добива називот МА (магистер)  на унивезрзитетот Јеил во САД ( ментор Паул Рудолфд и Сергеј Чермаеф). Потоа во Њујорк соработува со славните архитекти како што се  Јо Минг Пеи, Хенри Коб и Аралдо Косута.

Бил професор на Факултетот за архитектура во Скопје до 1995. Од 1999 е член на Академијата за архитектура при Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Бил претседател на Советот за урбанистичко планирање на град Скопје (1983) и декан на Факултетот за архитектура (1987-1989). Собранието на Словенечката Академија за Наука и Уметност „Сазу”  го избрала на 1ви Јуни 2007 за дописен член.

Присутен е на македонската архитектонска сцена во периодот кога започнал процесот на ревизија и критика на модерната архитектура. Неговите дела го дефинираат процесот на обнова на Скопје после земјотресот, но во сите тие дела се гледа неговиот сопствен авторски израз, така да неговите дела стануваат референтни точки на новата архитектонска стварност. Во светски рамки различни креативни остварувања како и барања на модерната архитектура неговите дела изненадуваат со јасност и чист стил применет во Архивот на Скопје ( 1967 )

 

 

Qgrll

 

Тој објект со време добива на значај и стручна тежина, на врата во светот на основните кристално јасни форми кои архитектот ги превзема како наследство на врвните човекови мисли и во продолжение ги комбинира во фасцинантни организми кои истовремено зрачат со едноставност и изненадувачка содржина како и повеќеслојно архитектонско одржување. Конечните просторни и значајни акорди навистина додаваат величенственост во форма на брусен дијамант кој сам по себе пренесува порака до драгиот камен со сосем поинаква вредност каква што претставува избрусениот градежен кристал за секојпат зачуваното архивско градиво. Префинета профилација на фасадната текстура на бетонот која се гледа, го поврзува целиот просторен ансамбл и му даваат аскетски вид во скромност на толку богата и уверлива вредност…“

 

 Продолжете со читање на неговата биографија >>>