Сојуз на слепи лица – Скопје /фотогалерија/

Локација: ул. “Костурски  Херои” населба Центар, Скопје

Автор: Прохирија Хаџи Костова-Пешиќ

Година: 1971

Фото / 2021/ : Борис Јурмовски

 

Објектот “Сојуз на слепи лица”  е сочинет од резиденцијален дел од 12 станбени единици, постории од социјален карактер, простории за друштвени активности, библиотека, звучна библиотека  и деловни простории.

Овој станбено-деловен објект е еден од скриените суптилни и ненападни  богатства на Скопје, значајни по своето присуство во градското станбено ткиво и константен магнет за  погледот на непосредните минувачи.