Министерство за Култура /фотогалерија/

Локација: ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр.61, Општина Центар, Скопје

Автор/и: /

Година: 1927

Фото / 2022/ : Борис Јурмовски;

Извори: Давор Матраковски, архива 1; архива 2

 

Објектот на Министерството за култура на Република Македонија е подигнат во 1927 година, за потребите на тогашното Министерство за шуми со вкупна површина од 2000 m2.

Во социјалистичкиот период објектот бил користен најповеќе за воени цели, каде бил сместен и командниот гарнизон. Во 1998 година тој е прогласен за споменик на културата.

Во 2005 година, во времето на министерот за култура, Благој Стефановски, објектот е предаден во употреба на Министерството за Култура.  Според архитектот конзерватор Константин Димитровски, објектот со своите архитектонско-стилски својства, му припаѓа на монументалниот академизам и освен мали интервенции за санација на покривот и за адаптација на внатрешниот простор, тој ја задржува својата оригиналност.