Панел дискусија: Корупцијата во урбанизмот и градежништвото

Коалиција „Сите за правично судење“ организира панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“.

Панел дискусијата ќе се одржи на ден 29.06.2022 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

Дискусијата е наменета за општата јавност, така што сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност:
1. да ја следат дискусијата, за што Коалицијата ќе обезбеди стримање во живо преку нашата фејсбук страна;
2. да поставуваат прашања во врска со темата и да добијат одговор на истите.

Релевантни експерти од областа, кои во улога на панелисти ќе земат учество на оваа панел дискусија се:
– Г-ѓа Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата
– Г-ѓа Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС
– Г-ѓа Катица Николовска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата
– Г-ѓа Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар

Панел дискусијата е активност која се организира во рамки на Годишната програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“, финансиски поддржана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската унија во Скопје.

 

Сите детали се достапни на следниот линк.

Текстот е во целост превземен од горенаведениот извор.