Мост „Гоце Делчев” Скопје
05.09.2015 • ХХ век / II половина
Година: 1973
Донација: Француска влада
Фирма и изведба: Пелагонија
Извор: Пелагонија, Скопје (30 години слободен развој)
Најмодерното мостовско остварување на територија на Р. Македонија, од втората половина на XXвек. Мост изграден како донација од француската влада, за постземјотресната обнова на Скопје. Специфичен во своите архитектонско-градежни особености, одличен конструктивен достиг за своето време.
Композиција од две конструктивни посебности во форма на парцијално пресечени цилиндри , во кои се кријат напрегнатите сајли, водоводните и др. инфраструктурни инсталации. Композициски врзан во четирите агли со партерното обликување и поврзување на високиот кеј со нискиот, преку волутни обликувања на скалишен простор.
Изградбата ја водела моќната ПЕЛАГОНИЈА, која успешно ја реализирала оваа задача.
На неговото свечено пуштање во употреба присуствувале политичките лидери на Југославија и СР. Македонија, како и делегацијата од ООН, под чија закрила беше финансирана обновата на градот.
Денес сеуште постои, меѓутоа разобличен по естетиката на оградата која не припаѓа на писмена архитектонска интервенција на вакво ремек-дело. Другата деградација се споменичните композиции на лав, кои се посебна приказна за себе.
автор на фотографија_ Quahadi Anto_11 04 2012
Меѓутоа неговата армирано-бетонска утроба е сеуште присутна, а можноста за неговото враќање во оригиналната форма и естетика сеуште лесно возможна.
Овој пример на успешна реализација, прикажува одлична соработка помеѓу повеќе струки во секторот: конструктивци, градежници и архитекти, што е редок пример на современите суетни препукувања и искуства.
Автор на статија: marh