ИКОМОС Македонија / 50 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО

Организација:  ИКОМОС Македонија

Датум:  17 ноември 2022 год.

Локација: Europe House во Скопје

Во организација на ИКОМОС Македонија, на 17 ноември 2022 год., во Europe House во Скопје се одржа Меѓународниот форум ,,50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“ по повод одбележувањето на 50 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Форумот се одржа во хибриден формат, со физичко присуство и преку платформата ZOOM.

 

 

 

На Форумот учествува стручни лица и меѓународни експерти од надлежните државни и меѓународни институции и организации, вклучително и претставници од Советодавните тела на УНЕСКО за имплеметација на оваа Конвенција – од ИКОМОС, ИКРОМ и ИУЦН, кои говореа за заштитата и управувањето со светското наследство, како и за состојбата со имплементацијата на оваа Конвенција во нашата земја.

Целиот настан можете да го погледнете на официјалниот Youtube канал на ИКОМОС Македонија, а повеќе можете да прочитате на следниов линк.