Најавена е изложба на студентски трудови од Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје
06.10.2026 • Информации
Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје ве поканува на годишната студентска изложба „Простор. Живот. Архитектура.”, која ги претставува најзначајните студентски проекти и архитектонски истражувања од академска година 2026/27.
Изложбата ќе се одржи на 7 октомври 2026 година, среда, со почеток во 18:30 часот, во Галерија КО–РА, Дом на градежници „Кочо Рацин” Скопје, во Големиот салон на сутерен.
Автор на статија: Filip Koneski

