Рафаил Влчевски 1935- 2023
30.06.2023 • Автори
Куса биографија и достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата и урбанистичкото планирање на Рафаил Влчевски
Рафаил Влчевски е роден 26.11.1935година, а починува на 24.06.2023 година. Со својата работа даде значаен придонес во архитектурата и урбанистичкото планирање во Македонија, со голем број реализирани проекти и урбанистички планови како и наградени конкурсни трудови во земјата и пошироко. На тој начин придонесе за афирмација на трајните вредности и промоција на општествената улога на архитектонската професија и нејзина афирмација.
Електро и машински факултет – Скопје
Образование и работно искуство
Димпломирал на Архитектонсиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1960 година на тема „Културен дом во Реонски центар Кисела Вода, кај професор Борис Чипан.
Магистрирал во Скопје во 1983 година со наслов на магистерскиот труд „Урбо-социолошки аспекти на домувањето под менторство на проф. д-р Миодраг Јаниќ“.
По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Тука работел како проектант и раководител на атеље. Од 1989 до 1995год. бил директор на Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје.
Од 1995 до 2000 година работел во Јавното претпријатие за просторни и урбанистчки планови на Р. Македонија.
Се јавува како архитект со богато и разновидно творештво како од областа на урбанизмот така и од областа на архитектонското творештво.
Се вбројува во градителите на ново Скопје. Забележително е неговото учество во креирање на архитектонско-урбанистичките пристапи во третирање на архитектонските ансамбли. Активно учествувал во изготвување на урбанистичките планови за град Скопје заедно со екипите на Доксијадес од Атина и Полсервис од Варшава на ГУП 1964/65 година и ОУП-Скопје од 1985 година. Бил раководител на рабтен тим за изготвување на Наврт-планот за градот Скопје 2002-2020година.
Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси на кои бил 14 пати првопласиран.
Признанија
За својата инвентивност во сложените архитектонско-урбанистички проекти и планови како и за својта придонес во оваа сфера, ги добил следните признанија:
- 1973 Повелба од Собрание на град Скопје, за особени заслуги во обновата и изградбата на град Скопје
- 1973 Диплома на урбанистичкиот сојуз на Југославија, за долгогодишна работа на развивање на урбанистичко-архитектонската мисла и струка
- 1986 Златна значка на УСЈ, за особени заслуги во развојот на урбанистичкото творештво
- 2018 година добитник на наградата од Комората на овластени архитекти и инженери, именувана Проф. Борис Чипан.
ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ДЕЛА
- 1967 Архитектонско обликување на коритото на р. Вардар со крајбрежните зони, Скопје
- 1968 Деловен објект на Дирекцијата за регулација на р. Вардар во Скопје (со арх. Мачкиќ)
- 1970 Пазариште во Куманово
- 1973 Повеќесемејните станбени објекти во населбата Гоце Делчев во Куманово
- 1976 Станбените кули во УЕ А1-1 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1978 Повеќесемејни станбени објекти во УЕ А1-1 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1980 Центарот на М.З. А1 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1981 Центарот на М.З. А2 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1997 Деловниот објект Палата Македонија во Скопје (со дипл.инж. арх. Наташа Влчевска)
ПОЗНАЧАЈНИ НАГРАДИ
- Идејно решение на “ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИОТ” и “ТЕХНОЛОШКИОТ” факултет во Скопје
Југословенски конкурс ………………………………………………… 1 награда
- Урбанистичко решение на “Центар на Бања Лука”
Југословенски конкурс …………………………………………………. 1 награда
- Идејно архитектонско решение на “Дом на техниката, младината и пионерите” во Скопје
Југословенски конкурс ……………………………………………….. 1 награда
- Идејно архитектонско решение на комплексот “Градски снабдувачки центар – Бит Пазар” во Скопје
Југословенски конкурс ………………………………………………… 1 награда
- Идејно урбанистичко решение на комплексот “Центар на Куманово” со архитектонско решение на “Домот на култура”
Југословенски конкурс ………………………………………………… 1 награда
- Идејно архитектонско решение на комплексот “Реонски снабдувачки центар – Идадија” во Скопје
Повикан конкурс …………………………………………………………. 2 награда
- Идејно урбанистичко решение на потегот “Калемегдан – Славија” – Белград Југословенски конкурс ………………………………… 1 група на откуп
- Идејно урбанистичко решение на “Центар на Винковци”
Југословенски конкурс ………………………………………………… 2 награда
- Идејно урбанистичко решение на “Центар на Битола” со архитектонско решение на Театар,
Југословенски конкурс …………………………………………… откупен труд
- Идејно архитектонско решение на објектот на “Интеримпекс” – Скопје, Југословенски конкурс ………………………… откупен труд
- Идејно урбанистичко решение на населбата “Капиштец” во Скопје
Повикан конкурс …………………………………………………………. 1 награда
- Идејно архитектонско решение на објектот на “Национална библиотека” – Скопје
Југословенски конкурс …………………………………………. откупен труд
- Споменик на паднатите борци во Велес
Југословенски конкурс ……………………………………………….. обештетен
- Идејно урбанистичко решение на “Центар на Краљево”
Југословенски конкурс …………………………………………… откупен труд
- Идејно урбанистичко решение на реонот “Аеродром” во Скопје
Повикан конкурс ……………………………………………………….. обештетен
- Идејно решение за Мотел во Брезовица
Повикан конкурс ………………………………………………………… 1 награда
- Идејно решение на Градско собрание на Град Скопје со урбанистичко решение на Центарот
Повикан конкурс
- Идејно решение на Стоковна куќа во Качаник
2 награда
Автор на статија: Filip Koneski