„Подемот и падот на Скопје“ – изложба на Државниот архив
01.08.2023 • Изложби
По повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, минатата недела во Музејот на современата уметност е отворена дигиталната изложба на Државниот архив, „Подемот и падот на Скопје.
Изложбата се состои од над 300 фотографии кои го документираат уништувањето, закрепнувањето и обновувањето на градот по земјотресот. Оваа колекција на фотографии е дело на Киро Георгиевски, официјален фотограф на Собранието на Град Скопје во средината на 20 век.
Фотографија од изложбата во МСУ / извор: www.telma.com.mk
Отворањето на изложбата беше дел од проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ кој се одржа на 26-ти Јули. На настанот се обратија Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, претседателот на државата Стево Пендаровски и амбасадорот на Полска во земјава, Кшиштоф Гжелчик.
Фотографија од отворањето на изложбата / извор: www.utrinskivesnik.mk
Дигитална верзија од изложбата / извор: www.slobodna.tv