Поранешно основно училиште / с.Трново – Крива Паланка, 1927
01.11.2023 • ХХ век / I половина
Година: 1927 г.
Фотографии: 2023 г.
Локација: с. Трново, Крива Паланка
Селото Трново се наоѓа во областа Славиште, во источниот дел на територијата на Општина Крива Паланка. Од градот Крива Паланка, селото е оддалечено 9 километри. Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 900 до 1.010 метри.
Поранешното училиште се наоѓа на надморска височина на околу 1000м, на подножјето помеѓу Осоговските планини и Билино. Изградено било во 1927 година и во него доаѓале деца од селото кое е од разбиен тип. Тогашната главна општествена установа во селото, денес е пренаменета во одморалиште, со што претставува успешен пример за адаптација и активно користење на градителското наследство. Изградено е од камен и ден денес е зачувано во неговата автентична состојба. Има јасно симетрично решение, главна потенцирана влезна партија со висока порта и правилен растер на прозори со цел да се обезбеди доволно светлина во училните.
Во прилог ви претставуваме фотогалерија од состојбата денес >>>
Автор на статија: Martina Shteriova