МАРХ и ААМ со изложби на Втората годишна средба на архитекти и урбанисти

Во рамки на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, предвидени се две изложби.

Иложба на проекти и/или реализации во периодот од 2018-2020 година и 2021-2023 година, учесници на XX-то и XXI-то Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023. Биеналето на македонска архитектура го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). После повеќе години, со заеднички ангажман на Асоцијацијата и Комората, изложбата доаѓа и во Битола. Истата ќе биде поставена во НУ Завод и Музеј Битола, за време на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти.

 

 

Изложбата „Бетонско Скопје“ ќе биде поставена во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола. Изложбата опфаќа 34 фотографии, кои се дел од трите збирки на разгледници со истоимениот наслов, реализирани од 2018-2022 година, како дел од издавачките активности на платформата и страната за промоција на македонската архитектура МАРХ (marh.mk). Проектот е авторство на архитект Филип Конески, додека фотографиите се работени во коавторство со архитект Борис Јурмовски.

 

Автор на статија: