Белградскиот саем станува нова оперска сцена во градот

Српскиот портал gradjevinarstvo.rs информира дека Белградскиот саем ви можел да прерасне во домаќин на оперската сцена. Оваа промена доаѓа после години размислување на различни локации за изградба на наменска зграда за операта, вклучувајќи го Плоштадот на Републиката и Ушче. Меѓутоа одлучено е да прочуената Хала 1 на саемот да се трансформира во уметнички простор со три оперски сцени, опремени со најсовремена сценска техника.

 

 

Министерот за финансии Синиша Мали, овој проект го најавил на својот instagram профил, со најава дека Хала 1 ќе стане епицентар на културниот живот на градот. Покрај оперските претстави, халата ќе може да биде домаќин и на балетски ансамбли, оркестри и тетарски групи, како домашни така и странски со што Белград и Србија би ја зајакнале својата позиција на културната мапа на Европа.

 

 

Министерот потсетува и најавува други планови за пренамена и адаптација на важни историски објекти во Белград, како на пример Главната Железничка станица во Белград , би станала Историски музеј, додека зградата на Поштата ќе биде Детски музеј. Со истото се потенцира заложбата за вложување во културата.

Објавата е преведена на македонски и превземена од изворот >>>