Објектите на КУПРОМ на продажба
29.03.2024 • Информации
Денес, на 29 март се случува јавно наддавање на кое се ставени на продажба на 5 руинирани објекти во кругот на фабриката „КУПРОМ“ во Хром.
Вкупната површина на објектите изнесува 3200 m2, како што пренсеува изворот 21ТВ, проценети се на 2.3 милиони евра. Наддавањето се врши по електронски пат, со почетна цена од 0 денари.
Обкетите кои се на продажба се административната зграда и деловна зграда со производствен магацин, хали и стоваришта. Сепак земјиштето не е предмет на продажба и останува во сопственост на државата.
Фото: Културно Ехо
Но што се случи со сите претходни иницијативи, кои сепак наидоа на поддршка од пошироката јавност и на претходното раководство на Општина Ѓорче Петров? Дали Општината може да биде учесник во вакво наддавање и со урбанистичките планови може да добринесе кон спречување на потенцијален урбанистички хаос, останува да видиме.
Cultural Echoes – Културно Ехо, беше страната која ја подигна оваа иницијатива и го сврти вниманието на пошироката јавност кон ова прашање.
Инаку “Фабрика Купром е изградена во 1940-тите според посебни индустриски стандарди, поради што денес, иако е запуштен повеќе од 20 години, неговите главни носечки столбови и контрукцијата се наоѓаат во извонредна состојба, што го прави погоден за реупотреба и ревитализација. Овој историски објект, е дел од колективната меморија на граѓаните, а поради оваа фабрика се развиваат населбата Хром и околните населби, како и целата Општина Ѓорче Петров.
Фото: Културно Ехо
Поради автентичната архитектура, неискористените просторни капацитети и можноста за воведување мултифунционалост во просторот, фабриката на некој начин веќе се има вкоренето во скопската супкултура, за што сведочат неколкуте видео-спотови снимени од локални артисти графити-културата која продолжува да вирее во просторите на Купром.
Фото: Културно Ехо
Иако се наоѓа во урбанизиран простор, денес Купром претставува закана за локалното население и животната средина. Фабриката е незаградена, нема чувар и ја загадува почвата и подземните води, која очигледно е вон правниот сообраќај. “
Користени извори: 21ТВ, Cultural Echoes – Културно Ехо
Автор на статија: Filip Koneski